Спортинг го покори северот на Франција, историска победа за Сабах во ЛШ (ВИДЕО)

Вечерва од 18.45 часот беа одиграни два натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), при што до победа стигна Спортинг Лисабон на гостувањето на северот на Франција, кај Ланс (2-0), додека Сабах ја надигра Славија Прага за прв триумф во групната фаза на елитното натпреварување.

Гостите од Лисабон го отворија резултатот во 22. минута, кога имаа совршена акција, а Луис Суарез стрелаше за 1-0.

Прашањето за победникот беше решено во 74. минута, кога Андерсен испрати идеално додавање до Иса Думбија, кој без проблеми го матира противничкиот голман за 2-0.

Сабах успеа да слави против Славија Прага со головите на Кахим Парис во 49. минута и Џој Ленс Микелс во 88. минута.

Фото: Facebook/Sporting CP