Солшер го најде виновникот за ремито со Бриж - топката!

Манчестер јунајтед синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај Бриж во рамки на првата нокаут рунда во Лигата на Европа. 

Менаџерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солшер вели дека неговите избраници не дошле до победата, бидејќи се мачеле со топката на лошите временски услови.

„Тоа беше тежок натпревар против еден добро организиран тим на тешки временски услови“, вели Норвежанецот. „Сигурно не беше еден од најдобрите натпревари што навивачите го имаат гледано. Бевме доста несмасни во фокусот, но со оглед на временските услови и на топката, беше навистина тешко. Топката е различна и тешко се игра со неа. Можете да земете една и да пробате, навистина е лесна. Но тие се условите и за двата тима, секако. Временските прилики дефинитивно не беа идеални, дожд и силен ветер“, заврши Солшер.