
Симеоне и Ливерпул пред казна од УЕФА поради хаосот на „Енфилд“ (ВИДЕО)
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истрага за целиот случај и ги обвини Ливерпул и Симеоне за прекршување на правилата, па поради тоа би можеле двете страни да добијат санкции.
Според англиските медиуми, Симеоне ќе добие суспензија од еден натпревар и нема да може да го предводи Атлетико во следниот дуел во ЛШ, додека премиерлигашот ќе мора да плати парична казна поради однесувањето на неговите навивачи.