Познат следниот потег на Ѓоковиќ - ќе игра на турнир кој го освои четири пати во кариерата (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди своето учество на турнирот во Шангај, каде што играше и минатата година, но беше поразен во финалето од Јаник Синер со 0-2 во сетови.

Ѓоковиќ по долгата пауза се враќа на тениските терени, и тоа на турнирот кој го освои четири пати во кариерата.

Организаторите на турнирот го потврдија настапот на Ѓоковиќ, а притоа објавија и видео во негова чест.