Се враќа живот во запуштениот храм на фудбалот: Напредок почна да се буди! (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Напредок, кој во минатото играше и во Првата македонска фудбалска лига, почна да го враќа својот сјај. Иако настапуваат во третата лига, сепак новото раководство се труди да ја обнови гордоста на Кичево.

Градскиот стадион со години изгледал како урнатина, а трибините биле обраснати со капини, меѓутоа новата управа успеала да ја смени сликата со организирање на работни акции за чистење.

„Ова не е само обнова на еден стадион – ова е обнова на нашата кичевска гордост, на верата во солидарноста и во иднината на нашата младина“, се вели во објавата.

Фото: ФК Напредок