Вардар како замена за Кеита ангажира искусен ракометар од Франција

Поранешниот македонски и европски шампион Вардар денеска го ангажираше 30-годишниот Жуниор Тузолана кој доаѓа како замена за повредениот Махамаду Кеита.

Тузолана игра на позицијата лево крило и треба да ја пополни „дупката“ во тимот која ја остави Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото.

Искусниот ракометар потпиша договор до крајот на полусезоната, со опција соработката да биде продолжена со „црвено-црните“ до крајот на сезоната.

Тузолана доаѓа од тимот на Сесон во Франција, каде што играше во последните четири сезони, а исто така во кариерата го носеше и дресот на Понто-Комбо, Истр и Нант.