Ништо од дербито: Монако го распарчи Асвел во Евролигата!
Првата четвртина не понуди квалитетна кошарка, односно двете екипи постигнаа вкупно 25 поени (14-11 за Монако), по што гостинскиот тим влезе во серија во продолжение и стигна до 34-21 на полувреме.
Монако доминираше во вториот дел од мечот, додека Асвел не делуваше добро на теренот за на крајот да загуби со 52-84.
Најефикасни кај Монако беа Џејмс и Миротиќ со по 12 поени, додека Вотсон запиша седум поени за Асвел.
Фото: A.S. Monaco Basket