Италија ја надигра Австрија и се пласира во полуфинале на Дејвис Купот

Италијанската тениска репрезентација триумфира против Австрија со 2-0 и обезбеди полуфинале во Дејвис купот.

Матео Беретини денеска беше подобар од Јури Родионов со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 7-6, додека Флавио Коболи го надигра Филип Мишолиќ со 2-0 во сетови (6-1 и 6-3).

Италија во полуфинале на Дејвис Купот ќе се соочи против Белгија, која претходно славеше над Франција со 2-0.

Фото: EPA