Барселона го покори Париз за седма победа во ЛШ
ПСЖ имаше подобар почеток и водство од 3-2, по што Барселона се разигра и влезе во одличен ритам за предност од 9-5. Домаќинот се обидуваше да го скрши отпорот на гостите и да фати приклучок, но шпанскиот гигант секогаш возвраќаше со погодок и на полувремето замина со 19-13.
Првото полувреме покажа дека ПСЖ го чека вистински пекол во вториот дел, но парижаните магично се разбудија на стартот и со серија од 6-0 успеаја да намалат на само два гола негатива (20-22).
Домашниот тим во продолжение намали и на еден гол негатива (24-25), но Барселона не дозволи сензационален пресврт, па ги корегира грешките во нападот и на крајот триумфира со 30-27.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тимоти Енгесан со седум голови, додека Фати Омар Јахја постигна седум погодоци за ПСЖ.
Барселона е втора во групата Б со 14 бодови, додека ПСЖ има шест поени по осум одиграни меча.
Фото: EPA