Пелистер се избламира и во последниот меч во ФИБА Еврокупот (ФОТО)
Екипата од Кипар имаше моќен почеток на гостувањето во Битола, па ја доби првата четвртина со +11 (29-18), а до полувреме успеа дополнително да ја зголеми предноста на 56-42.
Керавност продолжи да доминира и во вториот дел, додека „зелено-белите“ се мачеа со проблеми во нападот, а одбраната беше уште полоша за на крајот да загубат со 74-92.
Најефикасен кај битолчани беше Кевин Брејси-Дејвис со 16 поени, додека Вилсон постигна 13 поени.
Пелистер го освои последното место во групата Д со само една победа и дури пет порази.




Фото: FIBA Eurocup