Веспрем ја продолжи агонијата на Колштад, Загреб немоќен против Магдебург

Вечерва беа одиграни три натпревари во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), при што до нови триумфи стигнаа Веспрем против Колштад со 42-34, Магдебург против Загреб со 43-35 и Алборг против Кјелце со 34-27.

Веспрем и Колштад одиграа возбудливо прво полувреме, при што унгарскиот состав замина на паузата со предност од 20-18. Гостите го загубија ритамот на стартот на вториот дел и му дозволија на домаќинот да слави со 42-34.

Магдебург одигра моќно прво полувреме на гости кај Загреб и го доби со 22-14, со што ја најави осмата победа во елитното натпреварување. Во вториот дел немаше поголема драма, односно германскиот состав го зачува водството и славеше со 43-35.

Најефикасен беше Матијас Муше со 11 голови за Магдебург, додека Ихар Бјалуски запиша осум погодоци за Загреб.

Алборг го реши мечот против Кјелце уште во првиот дел кога создаде предност од шест голови, по што полскиот состав немаше сила за сензација до крајот.

Фото: SC Magdeburg