
Кејн има клаузула во договорот која му дозволува да се врати во Англија!?
Капитенот на Англија има клаузула во договорот според која би можел да се врати во Премиер лигата доколку некој тим понуди 67 милиони евра за неговиот потпис.
„Среќен сум во Минхен. Уживам во Баерн. Мислам дека никогаш не може да знаеме што нè очекува во фудбалот, но засега сум среќен во Германија. Моето семејство одлично се прилагоди, моите деца уживаат во училиште“, вели Кејн.