Нејмар запрепастен од изборот на „Златната топка“: Ова е смешно!

Бразилскиот фудбалер Нејмар реши да даде свое мислење за доделувањето на „Златната топка“, која му припадна на Осман Дембеле од ПСЖ.

Дембеле за првпат ја освои наградата, откако зад себе има неверојатна сезона со францускиот гигант, додека зад него завршија Ламин Јамал, Витиња, Мохамед Салах и Рафиња во топ-5.

„Рафиња на петто место? Тоа е смешно“, напиша Бразилецот и го искажа својот револт што неговиот сонародник имал лош пласман.