Силвињо: Игравме со срце, мечот против Хрватска ќе го паметам цел живот!

Фудбалскта репрезентација на Албанија одигра нерешено против Хрватска (2-2) во Хамбург во второто коло од Европското првенство (ЕП).

Селекторот на Албанија, Силвињо кажа дека е среќен од неговите избраници и овој натпревар ќа го памети цел живот.

„Ова е меч кој ќе го паметам цел живот. Многу сум задоволен од момците, мислам дека заслуживме бод. Игравме со срце, се боревме и заслужено освоивме бод“, кажа Силвињо.