Шкотски весник го спореди Манчини со Вилијам Волис: Ти си наша последна надеж (ФОТО)
Јасно е дека голем дел од шкотската јавност ќе навива против Англија во големото финале на Европското првенство со Италија.
„Спаси нè Роберто, ти си нашата последна надеж. Не можеме да поднесеме уште 55 години како ќе зборуваат за тоа“, стои на насловната страница на весникот на која италијанскиот селектор е измонтиран во моментот од филмот „Лавовско срце“.
