Шкендија и Тиквеш ги дознаа можните ривали за Конференциската лига

Македонските екипи Тиквеш и Шкендија го дознаа скратениот список со потенцијални ривали за првото коло во квалификациите на Конференциската лига.

Шкендија ќе биде носител во квалификациите и можни ривали ѝ се Вележ од БиХ, Торпедо од Грузија, Ноах од Ерменија, Ислох Минск од Белорусија и Малишева од Косово.

Тиквеш не е носител и потенцијални противници му се Бреидаблик од Исланд, Дуделанж од Луксембург, Тре Пене од Сан Марино, Крусејдерс од Северна Ирска и Сент Џозеф од Гибралтар.

Почетокот на ждрепката за паровите во Конференциската лига е закажан за утре од 16 часот.