Шишковски три пати совладан, но Борац не е без шанси да го помине ПАОК

Екипата на Борац Бања Лука доживеа пораз од 2-3 во првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, од ПАОК.

Особено возбудливо беше првото полувреме во кое беа постигнати четири од петте гола, а на пауза се замина со 2-2. За ПАОК, двата гола ги постигна Кулиеракис, додека за Борац погоди Колумбиецот со македонски пасош Ерера од пенал и Кулашин. Конечниот резултат го постави Трост Еконг во 51. минута.

За Борац настапи и македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски кој не разочара и покрај тоа што беше три пати совладан.