Шахтер закажа полуфинале со Интер, Севилја ќе се соочи против Јунајтед (ВИДЕО)

Шахтер се пласираше во полуфинале на Лига Европа и избори дуел со Интер, откако успеа да слави со убедливи 4-1 против Базел. Додека во вториот меч Севилја во финишот од дуелот го совлада Вулверхемптон со 1-0 и за пласман во финале ќе се бори против Манчестер јунајтед.

Мораеш го постигна првиот гол на мечот по само две минути игра, а до крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запише и Таисон (2-0).

Базел имаше свои шанси, но не ги искористи, по што казната пристигна во самата завршница кога Алан Патрик и Додо погодија за 4-0, а почесен погодок за швајцарскиот тим постигна Волфсвинкел во 92. минута.

Вулвс имаа голема шанса во 13. минута да стигнат до водство против тимот од Андалузија, но Раул Хименез промаши пенал.

Во второто полувреме од натпреварот доминираше тимот на Севилја, кој создаде еден куп шанси, а победничкиот гол го постигна дури во 88. минута преку Окампос.