Сеир на векот: Меси има ист број на „Златни топки“ колку што има Роналдо голови во Серија А!

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, по рекорден шести пат ја освои престижната награда „Златна топка“, со која го помина Португалецот Кристијано Роналдо.

Ова беше причина плус „сеирџиите“ да се пошегуваат на сметка на Португалецот, кои истакнаа дека Меси има ист број на „Златни топки“ колку што има Роналдо голови во досегашниот дел од сезоната во Серија А.

Инаку, на Роналдо не му оди сезонава премногу во домашното првенство, и по 14 одиграни кола има само шест гола и тоа три ги постигна од пенал.