Се случи најдобрата голманска ноќ, Шчесни и Алисон режираа нешто невидено досега! (ФОТО)

Барселона и Ливерпул вчера ги добија своите противници во Лигата на шампионите благодарение на неверојатните изданија на своите голмани, Војчех Шчесни односно Алисон Бекер.

И двајцата беа прогласени за играчи на натпреварот. Кон Шчесни беа упатени 26 шута, кон Алисон 27.

Од 2016/2017 само трипати се случило во нокаут фазата од Лигата на шампионите тим да не постигне гол од 25+ шутеви кон противничкиот гол.

Двапати од тие трипати се случија токму вчера, во една ноќ. А тоа значи дека досега немало вечер во Лигата на шампионите кога двајца голмани имале вака импресивни партии.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by OneFootball (@onefootball)