Салах по поразот во Истанбул: Такво нешто никогаш претходно не сум доживеал (ВИДЕО)

Ливерпул вчера во рамките од второто коло во Лигата на шампионите беше поразен од Галатасарај, а големи заслуги за победат на турскиот гигант имаа и навивачите.

Навивачите во Турција важат за едни од најжестоките, а тоа на своја го почувствувал и Салах. Египќанецот по натпреварот истакна дека ситуација како вчерашната со бучавата на стадионот не доживеал никогаш претходно во неговата кариера.

„Никогаш во животот не сум играл во ваква атмосфера. Многу тешко беше да се фокусираме. Едвај се слушавме на теренот, тешко одеше. Честитки до Галатасарај“, изјави Салах по средбата.

Дека навистина навивачите им создаваа проблеми на фудбалерите можеше да се забележи и во моментот кога Салах се подготвуваше да влезе во игра.