Мерењата го изненадиле Дончиќ, повторно е потежок од минатата сезона!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ на почетокот на минатата НБА сезона беше тежок 104 килограми, а сега една година подоцна и покрај тренинзите и режимот на исхрана вагата покажала седум килограми повеќе.

Во текот на летото се пишуваше за формата на Дончиќ и килограмите кои ги изгубил, меѓутоа тој и сега има 111 килограми. Сепак, сега американските медиуми тоа го препишуваат на покачената мускулна маса.

Ќе потсетиме, Дончиќ по критики поради тежината започна со режим на исхрна и работа во теретена, а и самиот зборуваше дека никогаш претходно не тренирал повеќе без топпка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

Одредени фитнес тренери велат дека неговото тело сега поминува низ една трансформација, па така тие седум килограми повеќе не би требало да претставуваат проблем на паркетот.

Тоа го покажа Дончиќ и на теренот во текот на Евробаскетот со настапите за Словенија.

Фото: FIBA