Роналдо беснееше во Љубљана, судиите му беа криви за поразот! (ВИДЕО)

Словенија со 2-0 ја совлада Португалија во пријателски натпревар кој се играше во Љубљана, а Кристијано Роналдо тешко го прифати поразот.

Португалецот никогаш не сака да губи, обично тешко ги прифаќа поразите, но овојпат ги надмина границите на пристојноста.

По последниот свиреж Роналдо беснееше по судиите, велеше дека не свирнале два пенали за нив.