Лас Палмас беше лесен залак, Жирона ита кон ЛШ (ВИДЕО)

Жирона славеше на гостувањето кај Лас Палмас со 2-0 во 33. коло од шпанската Ла Лига и се приближи кон пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Лас Палмас доби пенал во осмата минута, но Рамирез не го искористи, по што идентична сцена беше забележана во 26. минута, но овој пат на спротивната страна.

Алваро му го одбрани ударот на Довбик, но одбиената топка стигна до Лопез кој ја смести во мрежата на домаќинот.

Довбик беше на поправен испит во 57. минута, кога реализираше пенал за триумф од 2-0 на Жирона.

Жирона се наоѓа на втората позиција во Ла Лига со 71 освоен бод, односно 13 помалку од лидерот Реал Мадрид.