Њукасл со „петарда“ го разнесе Шефилд, Барнли освои бод против Јунајтед

Фудбалерите на Њукасл остварија победа од 5-1 против Шефилд јунајтед, додека Манчестер јунајтед киксна против Барнли (1-1) во 35. коло од англиската Премиерлига.

Ахмедхоџиќ им донесе радост на гостите во петтата минута, но Шефилд издржа само до 26. минута кога Исак стрелаше за 1-1.

Шефилд во вториот дел се распадна против Јунајтед и прими уште четири гола. Во листата на стрелци се запишаа Гимараеш, Исак, Вилсон и Осборн си постигна автогол.

Манчестер јунајтед се мачеше сè до 79. минута кога Антони погоди за предност од 1-0, но набрзо Амдуни од пенал израмни на 1-1.

Останати резултати:

Фулам – Кристал Палас 1-1
Вулвс – Лутон 2-1