Реал му честиташе на Атлетико Мадрид за трофејот во ЛЕ!

Актуелниот шампион во Лигата на шампиони, Реал Мадрид, му честиташе на својот градски ривал Атлетико за освојување на Лигата на Европа (ЛЕ).

Атлетико Мадрид во финалето на европското натпреварување го победи Олимпик Марсеј со 3-0 и така по третпат во историјата го освои трофејот во ЛЕ.

Успехот на Атлетико на крајот го разубави потегот на нивниот градски ривал од Мадрид.

„Му честитаме на Атлетико за трофејот во Лигата на Европа, кој го освои во Лион“, напишаа „кралевите“ на Твитер.