Нотингем Форест покажа знаци на живот, но загуби од Манчестер сити (ВИДЕО)

Манчестер сити запиша уште една победа во англиската Премиерлига на гостувањето кај Нотингем Форест со 2-0 и така му се приближи на лидерот Арсенал на само еден бод.

Јошко Гвардиол беше стрелец на првиот гол во 32. минута, додека победата ја запечати Ерлинг Халанд во второто полувреме.

Нотингем Форест покажа знаци на живот и создаде 14 шанси, односно три повеќе од „граѓаните“, но не искористи ниту една од нив.

„Граѓаните“ се наоѓаат на втората позиција со 79 бодови по 34 одиграни меча, додека Арсенал има 80 бода по 35 натпревари.