Аталанта подобра од Емполи, Рома се спаси од пораз во Неапол

Дербито меѓу Наполи и Рома заврши без победник (2-2) во 34. коло од италијанската Серија А, додека Аталанта оствари триумф против Емполи од 2-0.

Сите четири гола во Неапол беа постигнати во второто полувреме, а прв до водство стигна гостинскиот тим преку Дибала.

Оливера израмни на 1-1 во 65. минута, додека Осимен од пенал на шест минути пред истекот на регуларниот дел стрелаше за 2-1.

Рома не се предаваше и тргна по втор гол на дуелот, а истиот беше дело на Абрахам кој ги постави конечните 2-2.

Аталанта без поголеми проблеми го совлада Емполи со 2-0 со погодоците на Пашалиќ и Лукман.

Рома е на петтата позиција со 59 бодови, Аталанта има 57, Лацио е седми со 55, додека Наполи е на осмото место со 50 бода.