
Проблеми за Енрике: ПСЖ остана без две ѕвезди за дербито против Барселона
Тренерот на парижаните, Луис Енрике во следните недели не може да смета на Осман Дембеле и Дезир Дуе, кои беа едни од најважните фудбалери минатата сезона во освојувањето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Овие двајца нема да бидат подготвени ниту за дербито против Барселона во елитното натпреварување на УЕФА, кое е закажано за 1 октомври, а ќе ги пропуштат и дуелите против Ланс, Аталанта, Марсеј и Оксер.