Проблем за Луис Енрике: ПСЖ без Донарума против Миовски

Првиот голман на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума ќе го пропушти воведниот натпревар на неговиот тим во Лигата на шампионите против Жирона.

Причина за тоа, како што соопшти парискиот клуб, е повреда на бутниот мускул на десната нога која ја доживеа на саботниот првенствен натпревар против Брест во која „светците“ славеа со 3-1. ПСЖ наведе дека Донарума ќе мора да паузира една недела, а на негово место против Жирона ќе брани рускиот голман Матвеј Сафонов.

Натпреварот меѓу францускиот и шпанскиот тим се игра в среда од 21 часот, а во конкуренција за деби во Лигата на шампионите ќе биде и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.