Приведени седум навивачи на Србија поради тепачка со – Албанци!

Германската полиција соопшти дека привела седум навивачи на српската репрезентација, кои биле вмешани во тепачка со група Албанци во Гелзенкирхен, непосредно пред почетокот на натпреварот од првото коло од ЕП 2024.

Сите се приведени по инцидентот што се случил на терасата на еден ресторан во градот, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека е поднесена пријава за напад и повреди.

„Причините за тоа што се случи сè уште се нејасни и зошто дошло до тепачка со фанови чија селекција воопшто не играла тој ден“, изјави портпаролот на германската полиција.

Германската полиција претходно соопшти дека распоредила дополнителни сили поради страв од инциденти помеѓу српските и англиските навивачи, но и дека не очекувала вакви проблеми со други навивачи.