Познато е дали Нејмар утре ќе игра против Црвена Звезда

Најскапиот фудбалер на светот Нејмар изминатиот период се мачи со повреди и беше под знак прашалник за утрешниот натпревар со Црвена Звезда во Белград во рамки на последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони. 

Бразилецот имаше повреда на препоните, но веројатно ќе биде фит за утрешниот дуел во Белград. На ПСЖ му е потребна победа на „Маракана“ за да осигура пласман во нокаут-фазата.

Тренерот Томас Тухел денеска на прес-конференцијата не даде конкретен одговор дали Нејмар ќе настапи, но со оглед на фактот дека тој тренирал заедно со останатите соиграчи без никакви проблеми, веројатно ќе биде во првиот состав.