Познато е дали Килијан Мбапе ќе настапи против Манчестер сити

Килијан Мбапе се повреди во саботата и изминаиве неколку денови тренираше под посебен индивидуален режим. 

Бидејќи има повреда на мускулот беше неизвесен за настап против Манчестер сити на реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони. Тој отпатува со екипата за Манчестер и синоќа на „Етихад“ работеше одвоено од екипата со надзор на физиотерапевтите на клубот. 

Француските медиуми, поточно „Лекип“, објавува дека напаѓачот натпреварот ќе го почне од клупатата за резервни играчи. Во зависност од резултатот, Мбапе би можел да влезе во игра на полувремето или нешто подоцна во натпреварот.

На првиот натпревар одигра на „Паркот на принцовите“, Манчестер сити славеше со 2-1.