Повторно расизам во ЛШ: Навивачите на Спарта навредуваа фудбалер на Монако

Орелиен Чуамени погоди за Монако за водство од 0-1 на гостувањето кај Спарта прага во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони. 

Младиот фудбалер на францускиот тим го прослави голот пред ултрасите на чешкиот состав, по што беше „поздравен“ со расистички скандирања. Тренерот на Монако, Нико Ковач, но и фудбалерите веднаш се пожалија кај судијата Мајкл Оливер.

Тој побара од официјалниот спикер да ги предупреди навивачите на стадионот во Прага да навиваат коректно и фер, без расистички навреди. Следен ваков инцидент натпреварот ќе биде прекинат.