
Почнува спектаклот во Германија: Италија го брани трофејот на ЕП
ЕП ќе се игра од 14 јуни до 14 јули, а титулата ја брани Италија која пред три години на пенали ја совлада Англија и го крена пехарот.
Натпреварите од турнирот се играат во 10 градови, односно Берлин, Минхен, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург, Дизелдорф, Келн и Лајпциг.
Турнирот ќе почне со групната фаза, во која 24 селекции ќе бидат поделени во шест групи, при што двете најдобри од секоја ќе се пласираат во нокаут-фазата, а пласман во следната фаза ќе има и за четири репрезентации кои се третопласирани.
Групна фаза:
Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија
Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија
Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина
Група Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка