Пјаниќ поцрвене, Грција се враќа во игра (ВИДЕО)

Грција не само што преку пенал успеа да намали на 2-1, туку само две минути подоцна најдобриот фудбалер на Босна, Миралем Пјаниќ, доби црвен картон, па Босанците со десет фудбалери ќе го бранат водството.

Тони Шуниќ невнимателно стартуваше внатре во шеснаесетникот, а Констатинос Фортунис беше прецизен изведувач на пеналот.

Само неколку минути подоцна судијата од Холандија му покажа директен црвен картон на Пјаниќ, откако фудбалерот на Јувентус невнимателно реагираше во еден дуел.