Пикси влезе во војна со навивачите: Убаво ќе биде да се едуцирате!

Србија славеше против Швајцарија со 2-0 во Лесковац во третото коло од Лигата на нации, а селекторот Драан Стојковиќ - Пикси не беше задоволен од навивачите на стадионот.

Навивачите во завршницата од мечот бараа од српските фудбалери да тргнат во напад и да постигнат уште некој гол, но Пикси смета дека тоа би била голема грешка.

„Може ли некој да ми објасни нешто што не го разбирам. Водиме 2-0 во 80. минута, а слушам како скандираат ‘Ајде сите во напад’. Не го разбирам тоа. Луѓето треба да размислуваат и да се едуцираат. Кога водиш 2-0, треба да си организирам во одбрана. Лесно е да речеме ‘ајде сите во напад’“, вели Пикси.

Србија се наоѓа на третата позиција во групата 4 од А-дивизијата со четири бодови, додека Данска има шест бода, а Шпанија е прва со еден поен повеќе.