Паника во француската репрезентација - се повреди еден од главните играчи

Фудбалерот на Милан, Тео Ернандез предизвика паника во француската репрезентација откако не го доврши денешниот тренинг, еден од последните пред стартот на Европското првенство.

Стартниот лев бек остана на теренот само половина час по што замина во соблекувалната и повеќе не се врати. Не е исклучено ваквата ситуација да е последица на ударот што го доби на дуелот против Канада пред два дена, последен подготвителен за „триколорите“.

Франција в недела игра со Австрија во првото коло од континенталниот шампионат, а се чекаат наодите од докторите за тоа дали Ернандез ќе биде во состојба да настапи на тој меч.