Роналдо ја пропушта Барселона: И на третиот тест е позитивен на Ковид-19

Кристијано Роналдо дефинитивно нема да може да игра против Барселона утре во рамки на Лигата на шампиони, бидејќи и натаму е позитивен на Ковид-19. 

Денеска Португалецот бил тестиран по трет пат и повторно бил позитивен. Јувентус чекаше до последен момент да види дали најдобриот фудбалер ќе биде во можност да настапи на утрешното дерби во Торино против Каталонците, но тоа дефинитивно нема да се случи.

Роналдо прв пат беше позитивен на коронавирусот на 13 октомври додека беше со португалската репрезентација. Тој нема никакви симптоми овие две недели, но очигледно и натаму не го надминал вирусот. 

Навивачите нема да можат да уживаат во уште еден дуел помеѓу Роналдо и Лионел Меси, но можеби ќе имаат среќа на вториот дуел на овие две екипи на „Камп Ноу“.