Официјално: Финалето во Лигата на шампиони има нов домаќин

Стадионот „Драгао“ во Порто ќе биде новиот домаќин на финалето во Лигата на шампиони, што ќе се одржи на 29 мај, а силите ќе ги одмерат Челси и Манчестер сити. 

УЕФА официјално одлучи да му ја одземе организацијата на Истанбул и стадионот „Ататурк“, најмногу поради рестрикциите кои британската Влада ги воведе за патување во Турција, како една од мерките за спречување на Ковид-19.

Ова значи дека Португалија втора година по ред ќе биде домаќин на најважниот клупски натпревар, бидејќи минатата година финалето беше во Лисабон. 

Навивачите на Челси и Манчестер сити ќе добијат по 6.000 билети, а се очекува да има вкупно 15.000 публика на „Драгао“. Португалија е на зелената листа за патување на британските власти, па навивачите и пред сè клубовите можат без никакви проблеми да патуваат во Порто.