Обезбедувањето на Вембли ептен потфрли, фановите на Дортмунд имаа пиротехничко шоу! (ВИДЕО)

На стартот од второто полувреме навивачите на Борусија Дортмунд запалија стотина факели и направија шоу на трибините во финалето на Вембли.

Обезбедувањето на финалето од Лигата на шампионите имаше два големи пропусти. На почетокот од мечот фанови влегоа на теренот, а на стартот од вториот дел навивачите на дортмунд имаа пиротехнички перформанс.

Факелите се забранети на мечевите на УЕФА, па нивното внесување е пропуст на обезбедувањето кое очигледно не ги претресувало доволно добро навивачите.