Николов го однесе МОЛ Фехервар во трето квалификациско коло од Лига Европа

МОЛ Фехевар се избори за пласман во третото квалификациско коло во Лига Европа, откако денеска со голот на македонскиот репрезентативец Бобан Николов славеше со 1-0 против Хибернианс.

Унгарската екипа играше многу добро прво полувреме, при што создаде пет шанси кон голот на домаќините, но само еден удар беше во рамките на голот, а мрежите останаа да мируваат.

Во второто полувреме Николов го постигна решавачкиот погодок во 61. минута за водство од 1-0 на МОЛ Фехевар, а потоа тоа се покажа и како конечен резултат.

Во следното коло Николов и неговиот тим ќе играат од подобриот меѓу дуелот Сервет - Ремс.