Не се плашел од Роналдо, тој веќе преживеал ноќна мора од „најдобриот на светот“!

Десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, даде интересна изјава во пресрет на финалето во Лигата на шампионите, меѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Тој ќе ја има најтешката задача на светот: да го чува Кристијано Роналдо во финале на ЛШ. Сепак, не делува многу загрижен, дури и даде изјава со која ги зачуди сите. Вели дека најголемиот пекол во кариерата тој веќе го доживеал, се вика Брендон Бејкер.

Станува збор за натпревар од неговиот јуниорски денови, додека играл за екипата до 21 година на Ливерпул. Тренерот првпат го ставил на позиција десен бек, а играле против врсниците од Манчестер сити. Требало да го чува талентираниот Брендон Бејкер, вели, неверојатен фудбалер, кој правел чуда на тој натпревар, па Александер-Арнолд бил повлечен од игра пред време, зашто бил ужасен.

„Тоа е сигурно еден од најтешките натпревари за мене. Беше еден од првите на кои ме ставија да бидам десен бек. Не играв таму често. Играв против неверојатниот Брендон Бејкер. Ова во мене буди лоши спомени, но тоа се натпревари од кои се учи најмногу. Правиш грешки, учиш од нив и потоа не ти се случуваат повторно. Тоа е она што се обидувам да го направам“, ја соопшти својата философија младиот десен бек.

Сигурно се прашувате каде ли е сега тој суперталентиран Брендон Бејкер. Уште е фудбалер на Манчестер сити, но постојано е позајмуван. Има 21 година и последнава сезона ја мина во Хибернијан, во шкотското првенство. Претходно беше позајмуван и во НАК Бреда, како и на нисколигашот Ротерам.

Апсолутно не му е ни до коленици на Криситјано Роналдо, но за Александер-Арнолд, тој ден, момчево било најдобриот на светот.