
Навивачите на Борусија Дортмунд приредија шоу во Лондон (ВИДЕО)
Борусија Дортмунд досега во својата историја има една победа и еден пораз во битките за европскиот трон, па така и еуфоријата помеѓу навивачите е голема.
Според информациите на германските медиуми над 150.000 навивачите на „милионерите“ во изминатите два дена пристигнале во Лондон. Јасно е дека за голем дел од нив нема да има место на „Вембли“, но сигурно не постои фан на Борусија кој вечерва не сака да биде во Лондон, макар и пред стадионот.
Реал Мадрид можеби влегува како фаворит, меѓутоа фановите на Борусија дефинитивно даваат посебен сјај на финалето.
Borussia Dortmund fans in London.pic.twitter.com/55tHSa0B13
— ikonik (@IkonikFCB) June 1, 2024