Навивачи на Слован мртви пијани направиле хаос во авионот за Скопје!
На 10 декември, околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, aгресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т. од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им било дозволено да влезат во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, како што објави МВР, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: МВР