Оклахома со +49 во полуфиналето, крај за Дончиќ и Леброн (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс се пласираа во полуфиналето на НБА Купот со победите над Феникс Санс и Лос Анџелес Лејкерс.

Најдобриот тим во лигата, Тандерсе најде меѓу четирите најдобри откако во натпревар во кој доминираа во текот на сите 48 минути, го победи Феникс со 49 разлика (138-89), демонстрирајќи ја уште еднаш својата моќ. Најголемата предност што ја имаа во натпреварот беше +53.

Во шеснаесеттата победа во низа на Тандер, Шеј Гилџес-Александер покажа најмногу со 28 поени (11/15 шут) и осум асистенции, Чет Холмгрен заврши со 24 поени (9/13 шут) и осум скока, а најдобар стрелец на Санс беше Дилон Брукс со 16 поени.

Стефон Касл постигна 21 од своите 30 поени во второто полувреме, а Диерон Фокс додаде 20 поени во победата на Сан Антонио Спарс од 132-119 над Лејкерс. Лука Дончиќ постигна 35 поени, имаше пет скока и осум асистенции, а Леброн Џејмс реализира 19 поени, 15 скока и осум асистенции за Лејкерс, кои го претрпеа само третиот пораз во последните 12 натпревари. Виктор Вембанјаама го пропушти својот 12-ти натпревар по ред поради повреда на листот, но и без него, тимот од Тексас беше убедлив на ноќешниот натпревар.

Лејкерс го освоија првиот НБА Куп во 2023 година и сезонава поминаа низ групната фаза непоразени оваа есен пред да се сретнат со Спарс.

Натпреварувањето сега се сели во Лас Вегас, каде што Оклахома Сити ќе игра против Спарс, а Орландо Меџик ќе се сретне со Њујорк Никс. Финалето е закажано за вторник.