Претепан и ограбен поранешниот менаџер на Михаел Шумахер
Тој е во состојба на шок и има модринки, а полицијата ги истражува околностите на инцидентот. Според германските медиуми, кои ја објавија информацијата откако 83-годишниот Вебер ги потврди деталите на полицијата, непознати лица провалиле во неговиот дом. Напаѓачите се осомничени дека го собориле и врзале Вебер, а потоа испразниле неколку сефови во кои имало вредни предмети чија вредност сè уште се утврдува.
Според достапните информации, во куќата во моментот на нападот имало и други лица. Дури по повеќе од еден час еден од нив успеал да се јави во полиција и да го пријави нападот.