На навивачите им дојде преку глава – 15 меча е без гол (ВИДЕО)

Навивачите на Реал синоќа го искажаа својот револт поради последните резултати на нивниот омилен тим и ги исвирка сите фудбалери по натпреварот против Манчестер Сити.

На последните седум меча, Реал има само две победи, три пати одигра нерешено и доживеа два пораза, како последица на што го загуби првото место во Ла Лига и си ги искомпромитира шансите за топ-8 во Лигата на шампионите. Единствениот од кого се задоволни навивачите досега е Килијан Мбапе, но тој не играше синоќа против Сити поради повреда на прст на раката.

 

 

Сепак, најгласни свирежи доби Винисиус кој и на сопствените навивачи им дојде преку глава со своето однесување и игри оваа сезона. Тие одамна бараат тој да си замине, а синоќа „Бернабе“ се тресеше од свирежите кон него.

Бразилецот се наоѓа во катастрофална форма, нема гол на последните 15 натпревари за Реал и својата репрезентација и во овој период оствари само три асистенции од кои две во Лигата на шампионите и една во шпанското првенство. Последниот гол на Винисиус датура од 14 октомври кога погоди за Бразил на пријателскиот меч со Јужна Кореја откако шест дена претходно два пати ја тресеше мрежата на Виљареал во шпанското првенство.