Милан во атак на титулата во Серија А, главна цел во јануари е – Левандовски
Како резултат на тоа, поранешниот европски шампион по секоја цена сака да го донесе Роберт Левандовски иако шансите за тоа во моментов се минимални. Италијанскиот тим би го испратил францускиот напаѓач Кристофер Нкунку на Камп Ноу, со надеж дека ќе го добие полскиот „убиец“.
Италијанците тврдат дека постојат две многу силни врски што би можеле да ја исполнат оваа размена. Првата е дека истиот агент ги претставува овие двајца играчи, што секако може да биде олеснителна околност во сè, а втората е дека Левандовски е сè поретка опција во Барселона за напаѓач во првиот тим и дека Феран Торес е сè попосакуван. Сепак, според шпанските медиуми, Полјакот не е премногу заинтересиран за овој потенцијален јануарски договор.
Левандовски е во Барселона од 2022 година, досега забележа 164 настапи и постигна 115 гола во сите натпреварувања.