
Навивачи на Селтик нападнати во Белград, еден заврши во Ургентен центар (ВИДЕО)
Голема група српски хулигани ги нападнала шкотските фанови кои со маички и дресови на Селтик седела во неколку локали во центарот на Белград. Според тамошните медиуми, на тепачката претходела кратка кавга, а по само неколку секунди не се знаело кој кого удира. Локалите биле безмалку демолирани, морала да интервенира полиција, но засега не се знае дали има уапсени.
Вечерва Селтик ѝ гостува на Црвена Звезда во првото коло од лигашкиот дел на Лига Европа.